Првично, медицинските лица носеле бела облека, сè до 1914 година кога еден влијателен доктор се откажал од традиционалната униформа во корист на зелената, односно сината униформа.
Проблемот бил во тоа што за неколку моменти безгрешно белата боја може да ги заслепи хирурзите во моментот кога ќе го сменат погледот од темната боја на крвта во мантилите на колегите. Истиот ефект се случува кога ќе излезете надвор во зима и гледате како сончевата светлина се рефлектира од снегот.
Но, дали е ова одговорот на прашањето зошто мантилите на хирурзите се зелени или сини, а не се виолетови или жолти? Всушност, зелената и сината боја се спротивни на црвената според спектарот на бои, а во текот на операција хирургот скоро секогаш се фокусира на црвените бои.
Поради ова, зелената и сината боја не само што го подобруваат визуелниот ефект туку исто така ги прават почувствителни на различните нијанси на црвено. Во контекст на тоа, им помагаат вниманието да биде фокусирано на човечката анатомија, со што се намалува можноста за грешки во текот на операцијата.