Зошто губењето пријател е потешко од раскинување на врската?

Сподели со своите пријатели

Постојат безброј песни,филмови и емисии посветени на патењето поради раскината љубовна врска, но изгледа дека сме препуштени сами на себе кога се завшува пријателството.

Loading...

Истражувањата покажуваат дека пријателствата со години повеќе ни значат и дека нашата балгосостојба во голема мера зависи повеќе од нив отколку односите во семејството.

И покрај тоа, ретко се зборува за тоа што се случува кога пријателството ќе се прекине.

Мирјам Кирмајер, клинички терапевт и експерт за пријателства, објаснува зошто раскинувањето на пријателството понекогаш е потешко од раскинување со други важни личности во нашиот живот.

Не знаеме што да кажеме

Обично сметаме дека раскинувањата на пријателствата се случиле поради некој вид измама, а тогаш е лесно да се именува причината која довела до тоа, објаснува Кирмајер. Меѓутоа, многу често пријателите постепено се одалечуваат и никогаш не доаѓа до расправии. На тоа можат да влијаат бројни фактори – на пример одалеченоста или различни начини наживеење, или пак фактот дека еден од пријателите, или двајцата, на некој начин се злоупотребувале и поради тоа дошло до наштетување на пријателската врска.

За разлика од љубовната врска, каде пред официјалното раскинување обично доаѓа до разговор кој тоа го најавува, во пријателството често го нема, па причините по малку се збунувачки и често потешки.

– Луѓето имаат чувство дека требало да решат проблем или да го сочуваат пријалтеството, мислејќи дека раскинувањето на пријалтеството е нешто лошо, вели Кирмајер.

Loading...

Поради фактот дека за прекин на пријателството ни приближно не се зборува толку често како за раскинување на љубовната врска, луѓето кои изгубиле пријател имаат чувство дека тие не можат да го сочуваат пријателството. Наместо да бараат совет од други пријатлеи, тие боично го задржуваат тоа во себе. Со самото тоа, чувството на осаменост е уште поинтензивно.

Луѓето очекуваат дека не може секоја љубовна врска вечно да трае, а исто треба да се размислува и кога се во прашање пријателствата, објаснува експертот. Раскинувањето на пријателствата не значи дека некој во таа врска е лош човек или лош пријател, туку дека односот едноставно не функционира.

Нашите очекувања се разликуваат од очекувањата на пријателот

Клучната разлика помеѓу пријателството и љубовната врска е во тоа што односите во љубовната врска се јасно дефинирани: се забавуваме, свршеници сме,во брак сме, и точно се знае што тоа подразбира.

Во пријателството тоа го нема. Со оглед дека е потешко да се дефинираат очекувањата, тие можат да бидат многу различни, што може да доведе до прекинување и отежнување на опоравувањето по раскидот.

Личноста која има чувство дека пријателот не ги исполнува нејзините потреби, често не зборува за тоа. Од друга страна, недостаоткот на комуникација може да го повреди пријателот, кој се прашува во што погрешил.

Не знаеме што раскинувањето значи

Кога ќе заврши љубовна врска, поранешните партнери обично дискутираат за параметрите на раскинувањето. Тогаш одлучуваат дали ќе останат пријатели, целосно ќе го прекинат контактот или ќе се насмевнуваат меѓусебно ако се сретнат на јавно место. Кај пријателството нема таков разговор.

Loading...

– Има многу нерешени прашања во врска со раскинувањето на пријателството: Дали ќе продолжите да комуницирате во одредени околности? Дали сте подготвени и натаму заедно да се видувате со заедничките пријатели? Кога таквите прашања остануваат нерешени, можат да следуваат чудни средби, а во најлош случај, пријателот без потреба ќе пати затоа што сте престанале да му се јавувате, а притоа да не му дадете никакво објаснување – објаснување Фојерман.

Тага е неочекувана

Со оглед дека за раскинувањето на пријателството малку се зборува и обично се случува неочекувано, не секогаш сме подготвени за тагата која ќе следува.

По раскинувањето напријателството често чувствуваме гнев, тага, осаменост и страв дека ќе ја сретнеме таа личност. Освен тоа, се плашиме и дека заедничките пријатели ќе ја изберат другата страна. Ќе ви биде полесно ако знаете дека сите чуства се природни.

Не бидете престроги кон себе

– Пред да се жигосувате себе си како лош пријател, разговарајте со личноста како што тоа би го направиле со најдобриот пријател, вели Кирмајер.

Leave a Reply