Зошто ги сонуваме починатите? Постојат повеќе теории!

Сподели со своите пријатели

Многумина признаат дека соништата за средба со покојникот им помогнале успешно да го поминат процесот на жалост и нормално да го продолжат својот живот.

Loading...

Иако веќе не се со нас, најблиските кои починале никогаш не нѐ напуштаат.

Многу луѓе зборуваат за тоа како ги посетуваат во соништата, што може да биде многу реално и живописно. Ваквите соништа се познати како – соништа на средбата, открива порталот „Шерабли“.

– Татко ми и мајка ми починаа пред повеќе од десет години, со разлика од една година. Околу шест месеци по секоја смрт, имав барем еден многу жив сон со секој од нив, па дури и со двајцата. И тоа не беше обичен сон, чувството беше поинакво – вели д-р Патрик Мекнамара.

 

 

Таквите соништа често имаат заеднички теми:

Loading...

Покојникот се појавува каков што е во животот, но некако е помлад и поздрав.

Починатиот му пренесува порака на охрабрување на оној што го сонува, како „Добро сум и сè уште сум со тебе“.

Пораките на починатиот пристигнуваат повеќе телепатски или психолошки отколку вербално.

Сонот е повеќе нормален и реален отколку бизарен, како што можат да бидат обичните соништа.

Соништата се интензивни, како покојникот навистина да дошол на гости, а оној што сонува се сеќава на сонот кога ќе се разбуди.

Сонот силно влијае на некоја личност, на некои луѓе и се менува.

Ваквиот сон е проследен со сознание за тоа што е правилно, а што не, или период на жалење или ширење духовни ставови.

– За традиционалните народи, кои на соништата им дадоа еднаква или уште поголема онтолошка тежина во споредба со реалниот живот, соништата за средби беа пред се убедлив доказ дека постои духовен свет и живот после смртта – објаснува Мекнамара.

Loading...

 

 

Единствената вистинска причина зошто се појавуваат мртвите е затоа што тие биле дел од нашите животи додека биле живи.

Тие се појавуваат нудејќи им насоки на оние што останале зад себе, нивна заштита или сакајќи да ги предупредат за нешто.

Тој додава дека дури и во денешното современо општество, ваквите соништа имаат значително влијание врз ужалените.

Многумина признаат дека соништата за средба со покојникот им помогнале успешно да го поминат процесот на жалост и да продолжат со нормален живот.