Германската влада ја брани својата одлука да не ја исклучи земјата од Меѓународниот систем за размена на финансиски информации (SWIFT) како дел од санкциите против Русија.
„Во случајот со Иран, Европа веќе има негативни искуства со протерувањето од системот SWIFT“, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.
Таа рече дека исклучувањето на Русија од системот SWIFT ќе го оневозможи финансирањето на хуманитарни проекти, пренесува Хина.
Баербок смета дека многу поефикасна мерка е исклучувањето на големите руски банки од финансискиот систем.
„Сега е важно да донесеме санкции кои директно го погодуваат електроенергетскиот систем во Русија, а не само да звучат гласно“, рече Баербок.
Што е SWIFT и зошто Западот не сака да го користи против Русија?