Нашето тело поголемиот дел од денот е прекриено со болека, гениталиите се константно во нездраво опкружување, а нивото на љубовни хормони и среќа е низок – голотијата го менува тоа.
Гениталиите „дишат“, а то за нив е многу поздраво отколку да престојуваат во влажно, топло или затворено опкружување (вагината ќе биде помалку подложна на инфекции, а тестисите поладни што го чува здравјето на спермата).
Освен тоа, спиењето без ништо на себе има уште неколку предности. првата етоа што ќе се чувствувате слободно, а со тоа и ќе спиете подобро. Ништо нема да ве попречува додека се свртувате, ништо нема да ве затега или да ви се залепи за телото.
Исто таа, одењето на спиење целосно голи го намалува стресот во телото, а со тоа и нивото на кортизол. ВО исто време се лачи повеќе окситоцин – познат каок хормон на љубов и среќа.
И сексуалниот живот ќе ви биде подобар затоа што повеќе нема да има ништо помеѓу вас и вашата кожа и кожата на партнерот, а тоа може да биде доста возбудливо. Кога веќе сме кај тоа, постои научно втемелено мислење според кое нашето тело излачува повеќе окситоцин кога со партнерот се мазиме голи, отколку со облека на себе.
