Зошто делта сојот е најопасната мутација на коронавирусот?

Сподели со своите пријатели

Делта сојот е најбрзата, најтрајната и најопасната верзија на коронавирисот со која се соочи светот, тврдат вирусолозите и епидемиолозите.

Loading...

Вакцините продолжуваат да нудат многу силна заштита во одбрана од тешки инфекции и хоспитализации предизвикани од која било верзија на коронавирус, а оние кои се изложени на најголем ризик сè уште не се вакцинирани, според десет водечки експерти за ковид-19, пренесува Ројтерс.

Главната грижа за делта сојот, кој беше идентификуван за прв пат во Индија, не е тоа што луѓето имаат потешки симптоми, туку дека многу полесно се шири од личност до личност, со што се зголемува бројот на инфекции и хоспитализации кај невакцинираните.

 

 

Постојат сè поголем доказ дека е способен да зарази се поголем број на целосно вакцинирани лица, за разлика од претходните верзии, и постои загриженост дека тие можат дополнително да го шират вирусот, тврдат овие експерти.

– Најголемиот ризик за светот во моментот е делта сојот – рече микробиологот Шерон Пикок, кој ги предводи британските напори за секвенционирање на геномот на варијанти на коронавирус, нарекувајќи го овој делта „најтрајната и најбрзата варијанта досега“.

Loading...

Вирусите постојано се развиваат преку мутации и се појавуваат нови варијанти кои понекогаш се поопасни од оригиналните.

Јавното здравство на Англија во петокот објави дека од вкупно 3.692 хоспитализирани лица во Велика Британија со делта сојот, 58,3% од нив биле невакцинирани, а 22,8% биле целосно вакцинирани.

Во Сингапур, каде што делта е најчеста варијанта, владините претставници во петокот објавија дека три четвртини од случаите на коронавирус се регистрирани кај вакцинирани лица, иако ниту еден не бил сериозно болен.

 

 

Израелските здравствени власти рекоа дека 60 проценти од случаите во моментов хоспитализирани од ковид се всушност вакцинирани лица.

Во Соединетите држави, кои регистрираа најголем број на корона инфекции и смртни случаи од која било друга земја, делта сојот сочинува околу 83 проценти од новите инфекции.

Loading...

Студија во Кина открила дека луѓето заразени со делта сојот носат 1.000 пати повеќе вируси во носот во споредба со видот кој за првпат беше идентификуван во кинескиот град Вухан во 2019 година.

– Вие всушност може да излачувате повеќе вируси и затоа е повеќе пренослив. Тоа сè уште се истражува – рече Паун.

Leave a Reply