Сите веќе знаат дека појадокот е најважниот оброк во денот, а често во брзање единствено што стигнеме да изедеме е банана. На сите од дома ни велат ако не стигнеш да јадеш нешто конкретно, тогаш изеди барем банана. Но, изгледа дека оваа овошје сепак не е баш пригодно за појадување.
Нутруционистите наведуваат дека, иако бананите изгледаат како совршена опција за брз појадок, тие всушност не се затоа што во себе содржат дури 25% шеќери и спаѓаат во умерено кисели намирници.
Најдобар начин да го започнете денот е со појадок кој ги согорува маснотиите, кој исто така ќе ве направи доволно енергични да издржите до следниот оброк. Иако бананите ќе ви дадат краток налет на енергија, брзо ќе започнете да се чувствувате уморни и гладни. Тие се повеќе створени за ужина отколку за целосен оброк, затоа што самите не се доволни за да го започнете денот.
Тоа чувство на замор и глад откако ќе изедете банана за појадок можете да го спречите така што бананата ќе ја комбинирате со храна полна со здрави маснотии како авокадо или зачин. Затоа што бананите припаѓаат во група кисели намирници, таа киселина треба да се неутрализира за да би добиле само добри бенефиции од овошјето како што се калиум, влакната и мангезиумот, а не шеќер коиј предизвикува само краток налет на енергија.