Зошто Американците ги фарбале куќите во бело во страв од атомска бомба?

Сподели со своите пријатели

Белата фасада се почесто се споменува како еден од начините за справување со топлотните бранови.

Loading...

Но, во 1950-тите, на Американците им се советувало да ги обојат своите домови во бело, бидејќи тоа може да ги зголеми нивните шанси за преживување од сосема друга причина: заканата од атомска бомба.

За време на Студената војна, кога САД и Советскиот Сојуз беа во трка за нуклеарно вооружување, заканата од атомска бомба беше многу реална.

Кога атомска бомба експлодира создавајќи нуклеарна експлозија, ударниот бран на уништување патува низ околината на различни начини.

Најголем дел од штетата доаѓа од самата експлозија, но околу 35 проценти од енергијата на нуклеарната експлозија доаѓа од зрачењето или топлината што се ослободува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп продолжува да го гради својот тим: Избра уште еден водител на Фокс њуз за секретар

Оваа топлина може да биде толку силна што предметите во близина на експлозијата едноставно испаруваат, пишува IFL Science, пренесува хрватски N1.

Сем Ригби, експерт за инженерство за експлозии и удари, објасни дека во тие години на Американците им се советувало да ги одржуваат своите куќи уредни и свежо обоени во бело за да се намали ризикот од пожар.

ИФЛ носи и видео од тој период кое покажува како бел дом би го намалил ризикот од целосно атомско уништување.

Loading...

 

 

Експериментите во ова видео покажуваат блесок на светлина проследен со интензивна топлина што запали некои модели на куќи уште пред самата експлозија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Макрон: Одлуката на Бајден е добра, Русија е единствената што носи ескалирачки одлуки овде

Во видеото потоа се наведува дека куќата што се одржува уредна без ѓубре, лисја, свежо обоена бело, има помал ризик да изгори до темел.

Во реалноста, ова не би било спасоносно решение во случај на нуклеарна експлозија.

Една година подоцна, објавено е ново видео кое ги истакнува свежо обоените домови и уредниот ентериер, спонзорирано од Националната асоцијација за бои и лакови, меѓу другото.

Искористувањето на заканата од нуклеарен напад за рекламни можности беше всушност доста вообичаено во тоа време бидејќи брендовите и компаниите најдоа креативни начини да ги вклопат своите производи во нуклеарниот дискурс.

Loading...