Зоран Заев: Имам докази дека настаните во Куманово ги организирала власта

Сподели со своите пријатели

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва на средба со граѓаните на Капиштец, на која присуствуваа и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и советниците, кажа дека има докази дека кумановските настани ги организирала врхушката на власта, а бесрамно, веќе утредента им исплатила 2 милиони и 600.000 евра на медиумите да ја лажат јавноста.

Loading...

Сега е време да преземеме чекори и да си ја спасиме државата. Слободната волја на избори е императив и светост. Клиентелизмот на Груевски ги прави вмровци да не признаат, тие не се виновни. Тие не краделе, врхушката на власта крадела. И тие ќе се прекршат, огромен процент од нив. Затоа во Изборниот законик е предвидено, тој што купува гласови и уценува да одговара со казна затвор од 3 до 5 години. Затоа и го баравме Министерството за внатрешни работи за да има директна реакција. Тој што ќе го фатат како краде гласови и заплашува, поткупува гласачи, веднаш има наредба Оливер Спасовски да апси и да приведува. Сами ќе гласаат граѓаните. Имаме докази. До некни Бранко беше крив, сега Заев е крив – рече Заев.