ЗОИ2018: Канада и Германија го поделија златото во боб двосед

Сподели со своите пријатели

Екипите на Канада и Германија го поделија златниот медал во боб двосед на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Првпат по 20 години олимписката титула им припадна на две екипи, откако во четири возења и Канаѓаните и Германците забележаа по вкупно време од три минути, 16 секунди и 86 стотинки.

За Канада се натпреваруваа Џастин Крипс и Александер Копач, а Франческо Фридрих и Торстен за Германија.

Бронзата ја освои летонскиот тандем Оскарс Мелбардис и Јанис Стренга, кои на својата земја и го донесоа првиот медал во Пјонгчанг.

Вториот германски тим составен од Нико Валтер и Кристијан Позет, иако беше во предност по две возења, остана без медал./МИА

Leave a Reply