ЗОИ 2018: Момчето на Шифрин исфрлено поради несоодветно однесување

Сподели со своите пријатели

За францускиот скијач Метје Февр завршија Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако поради остри и непримерни коментари беше исфрлен од репрезентацијата.

Февр, кој е во љубовна врска со американската скијачка Михаела Шифрин, ќе мора да се врати во Франција и нема да ја бодри својата девојка на останатите натпреварувања.

Тој, меѓу четворицата Французи кои се натпреваруваа, заврши седми на трката во велеслалом, а најдобар беше Алекси Пинтуро.

Февр по трката рече дека не го интересираат резултатите на останатите од францускиот тим и дека се грижи само за неговите постигнувања.

– Кога само би знаеле што мислам за групата и колективот. Овде сум да се натпреварувам за себе, изјави францускиот олимпиец по што беше „испратен“ дома.

Скијачот подоцна се извини за ваквата изјава, правдајќи се дека тоа го рекол бидејќи бил очаен од резултатот. /МИА

Leave a Reply