ЗОИ 2018: Лорентсен со рекорд до злато во брзо лизгање

Сподели со своите пријатели

Ховар Лорентсен од Норвешка го освои златниот медал во брзо лизгање на 500 метри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Во возбудливата трка со неизвесен финиш Лорентсен триумфираше со нов олимписки рекорд од 34,41 секунда и само за една стотинка беше побрз од Мин-кју Ча од Јужна Кореја.

Бронзата ја освои Кинезот Тингју Гао./МИА

Leave a Reply