ZnamGPT: ЗНАМ – прва партија со AI-платформа за директен дијалог со граѓаните

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја промовираше првата интерактивна платформа со вештачка интелигенција во македонската политика – „ZnamGPT: Прашај го градоначалникот“, со што се отвора ново поглавје во дигиталната демократија и политичката транспарентност во земјата.

– Со оваа иновација, Движењето ЗНАМ овозможува директен и брз дијалог меѓу граѓаните и кандидатите за градоначалници на движењето. Платформата им овозможува на граѓаните да поставуваат прашања, да добиваат прецизни и навремени одговори, како и да се информираат за сите проекти, програми и визии на кандидатите, истакна Маја Рисова Мутлулар, член на Централниот Одботжр на Движењето ЗНАМ за наша Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски повторно го повика Филипче на ТВ дуел: „Да ги соочиме аргументите и фактите“

„ZnamGPT“ претставува чекор кон нова политичка култура – култура во која секој може да праша, секој добива одговор и секој знае што се случува во неговата општина.

„Денеска не промовираме само дигитален производ – промовираме нов начин на водење политика. Политика што слуша. Политика што одговара. Политика што не се крие зад изговори, туку стои зад вистината. Преку оваа алатка, граѓаните ќе имаат пристап до информациите за локални проекти и планови, податоците за инфраструктура, урбанизам и јавни услуги, како и за визијата на кандидатите за одржлив и современ развој на градовите.

Платформата е достапна 24 часа дневно, 365 дена во годината, и може да се користи од секое место преку линкот во прилог : www.znamgpt.mk

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пауновиќ: Куманово ќе продолжи да биде град на културата, талентите и уметноста (ВИДЕО)

Оваа иницијатива е дел од пошироката визија на Движењето за модерна, транспарентна и одговорна Македонија – држава која чекори напред со знаење, иновации и отвореност кон граѓаните.”

Интегрално соопштение