Партијата Движење ЗНАМ-За наша Македонија на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски вечерва ќе го има името на својот претседателски кандидат за претстојните избори.
Партијата денеска ќе го одржи првиот Конгрес, на кој ќе бидат донесени неколку одлуки, меѓу кои и Статут на партијата, Избор на претседател партијата, членови на Централен одбор и Надзорен одбор.
Засега в.д. претседател на движењето е градоначалникот на Куманово, максим Димитриевски, а партијата веќе е регистрирана и запишана во Централниот регистар.
– Очекуваме Конгресот да го потврди досегашниот претседател, господинот Максим Димитриевски за Претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, рече портпаролот Никола Мемов.
Првиот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ – За наша Македонија ќе се одржи во хотелот Хилтон Дабл Три во Скопје, вечерва со почеток во 19 часот.
Никола Ивановски