ЗНАМ вечерва со промотивна конвенција на плоштадот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вечерва на Градскиот плоштад во Куманово, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промотивната конвенција на движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

На настанот ќе биде претставен кандидатот за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, како и кандидатите за советници, предводени од носителката на листата, Ивана Ѓорѓиевска.

Организаторите најавуваат дека конвенцијата ќе биде можност граѓаните да се запознаат со програмата и визијата на кандидатите пред претстојните локални избори.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лабудовиќ: Центар ќе го вратиме во рацете на граѓаните – време е за нова енергија и вистински промени