Во Македонската филхармонија вечерва од 18 часот ќе се одржи промотивната конвенција на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, на која ќе бидат претставени кандидатите за градоначалници и советничките листи на партијата за претстојните локални избори.
ЗНАМ најави настап со кандидати за градоначалници во најголемата општина во државата – Куманово, како и во Општина Центар, во срцето на Скопје.
Дополнително, поднесени се советнички листи составени од „квалитетни и афирмирани поединци“ во повеќе од 50 општини низ целата земја.
– Време е уште еднаш да покажеме дека знаеме како да обезбедиме подобар живот за граѓаните онаму каде што е најважно – во градовите, селата, населбите, маалата. Време е да покажеме дека ЗНАМ е политичка партија што работи со план, одговорно, посветено и чесно, порачуваат од партијата во најавата за настанот.
Никола Ивановски