ЗНАМ: СДСМ тргнувајќи од сопственото искуство мисли дека секој што е на власт краде и се бори за привилегии

Сподели со своите пријатели

Обвинувањата што СДСМ ги упатува кон претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија,  Максим Димитриевски иЗНАМ како политички субјект, се класична политичка манипулација и замајување на јавноста. Нападите на СДСМ се неосновани, тенденциозни и целосно без докази.

Оваа партија во изумирање наместо со  аргументи и факти  повторно настапува со навреди, конструкции и популистички флоскули, обидувајќи се да ја дефокусира јавноста од сопствениот политички и економски дебакл.

Максим Димитриевски никогаш не криел дека има лична и професионална кариера надвор од политиката. За разлика од кадрите на СДСМ кои со години егзистираат исклучиво од државни функции, Димитриевски е човек кој се докажал и во бизнисот и во политиката и покажал дека има став и интегритет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Минчев: СДСМ за мене не беше само партија, тоа е емоција

Максим Димитриевски, за разлика од претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е  човек и политичар без ниту еден корупциски скандал зад себе.  Димитриевски никогаш не бил дел од корупциски афери и криминални набавки на вакцини и скандали за изградба на болници.

За разлика од двоецот Заев-Филипче кој ги троши народните пари по  луксузни јахти низ светот, тој не поседува „златни визи“ и не оди на журки во Дубаи.

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија оценува дека наводите за „луксуз“, „тендерска коалиција“ и наводно расипничко трошење се чиста клевета.

Истата таа партија што денес морализира, ја задолжи државата со милијарди евра, симболичен економски раст и зад себе остави бројни корупциски афери без одговорност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Минчев: СДСМ за мене не беше само партија, тоа е емоција

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија сака да потенцира дека сите јавни набавки и финансиски постапки поврзани со институциите се законски, транспарентни и под надзор на надлежните органи.

ЗНАМ останува доследен на принципите на отчетност, одговорно управување и крај на партиските монополи. Политиката за нас не е приватен бизнис, туку јавна одговорност во интерес на граѓаните.

Граѓаните многу добро знаат кој ја донесе државата во економска и институционална криза, а кој нуди нов и поинаков политички пристап.