На денешната прес конференција, Миле Цеков пратеник во Собранието информира дека пратеничката група на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија во собраниска процедура поднела Предлог на Закон за измена на Законот за додадена вредност.
„Со предложениот закон бараме, рече Цеков,на измена на членот 51, односно прагот за задолжителна регистрација за ДДВ за регистрираните индивидуални земјоделци да се зголеми од два на четири милиони денари“.
Тој додаде дека целта на измената е директен одговор на реалниот живот на македонскиот земјоделец.
„Ова е одговор на реалноста, на зголемените трошоци за производство на земјоделците, горивото е скапо, ѓубривата уште поскапи, но и цената на финалниот производ што го продаваат е зголемена и сето тоа придонесува тие законскиот праг од два милиони денари да го надминат уште во првите четири -пет месеци во годината. И што прават потоа ? Продаваат на рака, односно во кеш или преку сметки на други лица, ја
поттикнуваат сивата економија, бидејќи ако го надминат прагот би морале да станат даночни обврзници со трошоци, книговодство, пријава завршна сметка и многу други трошоци.
Во суштина додека едвај врзуваат крај со крај и се мачат да опстанат, ние ги туркаме кон сивата економија“ рече Цеков пред новинарите.
Пратеникот Цеков нагласи дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во својата програма го вети моделот Македонија – самоодржлива држава со стимул на домашното производство на храна.
„Ние не бараме ослободување од данок, ова е само зголемен праг од два на четири милиони денари прилагоден на реалната фактичка состојба. Ако државата сака домашна храна- треба да го поддржи македонскиот
земјоделец, затоа што се повеќе увезуваме храна. Нашата цел со оваа измена е:
-Да се намали сивата економија-Да се поттикне формалното призводство
-Да се почитува трудот на земјоделецот“ рече тој.
„Ако навистина сакаме младите да останат да произведуваат, ако сакаме храна од нашите земјоделци, тогаш ги повикуваме сите политички партии да ја поддржат оваа законска измена која е измена за човекот што не
прашува, туку работи“, потенцира пратеникот од ЗНАМ, Миле Цеков на денешната прес конференција.