ЗНАМ отвори уште три изборни штабови во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со отворање на изборни штабови во Куманово и околните населби.

Вчеравечер беше отворен изборниот штаб во населбата Панче Пешев, кој лидерот на движењето и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, го нарече „победнички“.

„Сите заедно, обединети и сплотени, одиме на голема победа во Куманово“, порача тој.

 

 

 

Поддршка и енергија, според Димитриевски, се почувствуваа и во населбата Зелен Рид, каде што изборниот штаб ќе биде на истата локација како и претходно.

„Победата во Куманово ќе биде уште поголема“, стои во неговото обраќање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Палејќи кабли за да извадат бакар, тројца кумановци предизвикале пожар

 

 

Паралелно со тоа, започна и отворањето на изборниот штаб во Доброшане.

„Куманово го препознава нашиот концепт на труд, дела и визија за Куманово“, истакна Димитриевски.

 

 

Завчера изборни штабови беа отворени и во населбата Јане Сандански (Бабин Дол), во 3-та МУБ и во месната заедница Тоде Мендол.

Никола Ивановски