„ЗНАМ не влегува да се натпреварува, туку да победи“ – порача Димитриевски (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија вчеравечер во Македонската филхармонија во Скопје одржа промотивна конвенција, на која ги претстави кандидатите за градоначалници и  и листите на советници.

 

 

Максим Димитриевски беше претставен како кандидат за градоначалник на Општина Куманово, додека Мирослав Лабудовиќ за Општина Центар. Воедно беа претставени и советничките листи во 53 општини во целата држава.

 

 

Како што истакна Димитриевски, тој е убеден оти неговата партија ќе победи уште во првиот круг на овие избори, оти дека „ЗНАМ влегува во изборен процес не да се натпреварува, туку да победува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Театар Комедија вечерва на репертоарот на МТФ „Денови на комедија“

– ЗНАМ делува со агенда, план и концепт. На врвот на нашата агенда е просперитетна, подобра и посилна Македонија. Јас во изминатите осум години покажав што значи да се засукаат ракавите и како треба да се води едно општина, најголемата општина во Македонија и тоа исклучиво за доброто на граѓаните. Куманово за осум години е променето и јас сум убеден дека Куманово ќе продолжи да се менува  и тоа интензивно со помош на граѓаните и локалната и централната власт во следните четири години. Успеавме од една општина која што беше најголем загубар, да стане финансиски најстабилна во државата. Ако во минатото се мачевме реконструираме улички, денеска реализираме капитални проекти, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец се заканувал на скопјанец со остар предмет. Приведени двајцата.

 

 

Во изминатите години, вели тој, реализирани биле повеќе од 800 проекти за Куманово.

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски