ЗНАМ: Левица шири лаги и клевети, работиме транспарентно и носиме конкретни решенија за Куманово

Loading...
Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија преку соопштение реагираше на ставовите изнесени од Левица дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитривски бил „награден со проекти од актуелната власт“.

Нивната реакција ви ја пренесуваме интегрално во продолжение:

„Повторно сме сведоци на евтини и очајнички напади од страна на Левица, која со својата токсична реторика, без никаква визија и идеи, се обидува да оцрни сè што не може да достигне.

Наместо да понуди конкретни решенија за граѓаните, Левица продолжува да клевети и да шири дезинформации за градоначалникот Максим Димитриевски и Движењето ЗНАМ – политичка сила која секојдневно ја добива довербата на народот преку реална, чесна и одговорна работа на терен.

Левица, партија заглавена во ретрограден култ кон тоталитаризам и политичка безначајност, партија која со години е заглавена во идеолошка магла и политичка безначајност, водена и воодушевена од политичката мисија и визија на Енвер Хоџа, уште живее во илузии од минати векови.

Наместо да гледаат кон иднината, тие се инспирираат од најмрачните страници на балканската историја.

И не може да се помири со фактот дека Движењето ЗНАМ стана автентичен глас на граѓаните.

И затоа не напаѓаат. Но залудно.

Loading...

Народот препознава кој работи, кој носи резултати и кој е вистински со него.

Да бидеме прецизни:

– Средствата од унгарскиот кредит се доделуваат по транспарентна, јасна и законска процедура, преку јавен повик спроведен од надлежните институции.

– Во првата фаза од тој повик, Општина Куманово доби средства за реализација на три проекти, избрани како приоритетни од самите граѓани на општината.

– Овие средства се добиени поради докажан капацитет и успешна реализација на капитални инвестиции, а не поради каква било политичка привилегија или „награда“ и тоа за три капитални проекти кои се во напредна или завршна фаза:

1.Индустриска зона Новини – Речица

Изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализација, како и внатрешни сообраќајници со осветлување. Проект кој отвора простор за странски инвестиции и нови работни места за локалното население.

2.Улица Бајрам Шабани – атмосферска канализација

Loading...

Проект кој конечно решава децениски проблем на жителите. Работите се 80% завршени, соочени со непредвидени услови на терен, но инвестицијата е во завршна фаза.

3.Гасификација – улица Видое Смилевски Бато

Изградба на секундарна гасоводна мрежа до село Доброшане – решение кое носи поевтина енергија и економски развој во мини индустриската зона.

Се чека согласност од ЈПДП и СВР Куманово, бидејќи трасата минува по регионален пат.

Втората фаза од јавниот повик сè уште не е завршена, ниту се објавени конечните суми и проекти за сите општини.

Оттука, тврдењето дека „Куманово добило најмногу“ е лажна и тенденциозна конструкција – типичен пример за политичка манипулација од страна на Левица.

Да бидеме јасни:

Движењето ЗНАМ работи и делува институционално, испорачува одговорно и исклучиво за интересите на граѓаните.

Loading...

Ние сме гласот на чесноста, независноста и конкретната работа.

Левица нема програма, нема поддршка, нема визија.

Па затоа единствено што знаат е – да напаѓаат и клеветат.

Но Македонија има потреба од работа, не од идеолошки драмолетки.

Затоа Движењето ЗНАМ останува на страната на граѓаните со чиста совест, со реални проекти и со чесна кауза – Македонија каква што ја заслужуваме“ – стои во реакцијата.