“Bluetooth” го доби името по прекарот на кралот na Викинзите, “Harald “Blåtandu” Gormsson”, пишува на веб страницата на “Ericsson”.
Харалд во 10 век владееше во Норвешка и Данска, а познат беше по промоцијата на комуникацијата помеѓу две земји.
Неговиот прекар “Bluetooth” (blátǫnn) се споменува во неколку хроники од 1140 година, а се претпоставува дека го доби затоа што имал заб, кој бил син.
Другата теорија е дека одел околу во син фустан, кој го нагласувал неговото кралско потекло, а постојат уште неколку теории, но ниту една не е докажана. Јасно е само дека постои прекарот.
Логото на “Bluetooth” е спој на две руни кои се наоѓаат во северна Европа и во тоа време биле многу популарни. Се состои од руните од неговите иницијали.