Пивото на крајот на напорниот ден им помага на многумина да се релаксираат, но ако се пие премногу, може да има негативно влијание врз здравјето, особено ако се пие секој ден.
Постојат неколку знаци кои можат да покажат дека премногу го консумирате овој пијалак.
Се чувствувате надуени
Прекумерната потрошувачка на алкохол може да го оштети ткивото во дигестивниот тракт и да предизвика проблеми со цревата кои апсорбираат хранливи материи и витамини за време на варењето. Затоа може да се појави неухранетост, пишува Eat This Not That.
Секако, зависи од тоа колку алкохол пиете. Но, ако ве вознемируваат надуеност и гасови, тоа може да биде знак дека сте пиеле премногу пиво. Ако го намалите внесот на алкохол, тоа може да го реши проблемот со надуеност и да го намали ризикот од некои други здравствени проблеми како што се хемороиди и чиреви.
Анксиозни сте
Анксиозноста е честа кај луѓето кои пијат големи количини алкохол. Ако пиете премногу пиво, може да се чувствувате анксиозни кога ќе започне периодот на детоксикација, односно кога алкохолот ќе го напушти вашето тело.
Затоа, ако често пиете пиво и сте анксиозни, можеби ќе треба да ја намалите количината пиво што ќе ја консумирате.
Поспани сте
Ако сте поспани и имате проблеми со спиењето, тоа може да биде поврзано со количината на алкохол што сте ја испиле.
Студија спроведена од американскиот национален институт за здравство покажа дека се потребни четири до пет часа за алкохолот да го напушти нашето тело.
Значи, ако пиете алкохол пред спиење, алкохолот ќе го наруши вашиот сон. Ако сакате да пиете пиво, пијте го порано во текот на денот.
Имате проблем со празнење на дебелото црево
Големи количини алкохол, вклучувајќи пиво, може да предизвикаат проблеми со празнење на дебелото црево.
Прекумерната потрошувачка на алкохол може да предизвика дијареја или болка при празнење на цревата.
Ако забележите вакви проблеми, намалете го внесот на алкохол и започнете да јадете повеќе храна богата со растителни влакна.
Имате проблем во кревет
Истражувањата покажуваат дека мажите кои пијат премногу пиво може да доживеат еректилна дисфункција.
Пиењето може да спречи производство на хормони и да го намали либидото. Ако имате проблеми во кревет, размислете за намалување на внесот на алкохол.