Вежбањето е важно за здрав жвот, но текна е линијата меѓу вежбањето кое е добро за нас и претераното вежбање кое на нашиот организам може да му наштети.
Поради тоа многу е важно да се пронајде билансот, велат научниците. Доколку по тренингот се чувствувате исцрпено и немате енергија, време е да го промените интензинтетот и рутината на вежбање.
– Еден од првите знаци дека премногу вежбате е адреналниот замор поради што ќе се чувствувате пооптеретени во текот на целиот ден. Ако вашите надбубрежни жлезди се исцрпени, не постои количина на кафе која ќе ве покрене, вели Нора Тобин, тренер и експерт за исхрана.
Необјасниво зголемување на телесна тежина исто така е знак дека премногу вежбате.
– Доколку кортизолот, хормонот за стрес, е превисок, согорувањето на калориите е оневозможено. Дури и ако правилно се храните хормоналната нерамнотежа предизвикана со прекумрено вежбање ќе предизвика зголемена телеска тежина и недостаток на енергија, вели Тобин.
Потсетува дека заморот, недостатокот на енергија и зголемувањето на телесната тежина се сериозни симптоми кои го менуваат квалитетот на нашиот живот. Нив е можно да ги избегнете ако направите одредени промени.
– За да брзо и ефикасно го решите овој проблем, интензивните физички вежби правете ги најмногу 40 минути дневно или секој втор ден. Наместо тоа правете јога, пилатес, умерен аеробик или едноставно одете. Ќе заздравете набрзо, ќе го намалите воспалението и ќе ги видите резултатите, порачува Тобин.