За многу парови, живеењето заедно е едноставен и логичен чекор. Ќе заштедите пари, имате помош и друштво во станот. Но, од друга страна, тоа е единствен спас за врската, финансиите и слично. Huffpost ви дава неколку совети како да препознаете во каква ситуација се наоѓате вие.
Ако сте загрижени дека не е вистинското време да живеете заедно со вашиот партнер, тогаш размислете убаво за следниве совети.
- Користете го вселувањето како начин да ја процените стабилноста на вашата врска
Големите чекори не треба да бидат нешто со што ќе тестирате дали вашата врска е стабилна и успешна. „Освен тоа, парот би требало да биде возбуден поради новиот чекор“, вели терапевтот Курт Смит.
- Уште не сте поминале низ поголема расправија
Иако си замислувате колку би било убаво и романтично, не секоја неколкумесечна врска треба да прерасне во заеднички живот. Можеби за неколку месеци, ќе поминете низ бурен период, па ќе видите кaков човек имате покрај себе: дали е тука за вас кога ви е тешко и дали може да биде личноста со која ќе го делите секојдневието- среќата и тагата.
- „The money talk“
Разговорите за пари и финансиски планови се задолжителни. Ако ги избегнувате, порано или подоцна ќе се најдете во ситуација кога ќе се расправате со партнерот за тоа.
- Некој од вас живее со цимер
Ако имате цимер или дете, задолжително прашајте ги за мислење дали имате дозвола да го вклучите партнерот во заедничкиот простор.
- Мислите дека со живот во заедница ќе ги поправите проблемите во врската
Ако одговорот е да, тогаш се лажете. Кога врската е во криза, ви треба сопствен простор, за да ги средите мислите и проблеми, а тоа сигурно нема да го имате доколку живеете со партнерот.
- Партнерот ве притиска да живеете заедно
Ако интуицијата ви вели дека ситуацијата не е идеална и ваквиот чекор е избрзан, тогаш послушајте ја. Занемарете го партнерот кој ве убедува дека сè ќе биде во ред: несигурноста не е добар знак.