Петмина украински војници убија 22 жители на селото Руско Поречено во областа Курск, изјави официјалниот претставник на Истражниот комитет Светлана Петренко.
Агенцијата Спутник објави снимка од сослушувањето на еден од заробените украински војници.
Како што утврди истрагата, војниците влегле во регионот во септември минатата година.
Еден од нив, Евгениј Фабрисенко, бил заробен за време на борбите околу Суја.
На распит ги признал делата што ги направил: силување, убиство.
Убиле 11 мажи и три жени, силувале и мачеле уште осум жени, а потоа ги егзекутирале.
Потоа ги префрлиле телата во подрумите на куќите.
Фабрисенко, исто така, призна дека селаните биле убиени во нивните домови.
Тој изјавил и дека војниците конзумирале дрога и алкохол.
Заробениот војник рече и дека добиле наредба да го исчистат селото од цивили.
Тој изјави дека украинските војници не им дозволиле на селаните да си заминат, туку пукале во нивните автомобили.
Тие однеле и шест цивили во подрумот на куќата и фрлиле граната.
Според него, тие на 28 септември влегле на територијата на Курската област со наредба да останат таму две недели, по што ќе бидат заменети со други.
Фабрисенко бил фатен на 24 ноември.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Снимката може да биде вознемирувачка!