Европските берзански индекси денеска се во пораст, нафтата од типот брент се продава за приближно 70 долари за барел, додека на пазарите истовремено е забележан раст на цените на златото и на пченицата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.342,75 поени, британскиот FTSE 100 на 8.217,88 поени, францускиот CAC 40 на 7.434,64 поени, а московскиот MOEX на 2.685,79 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 40.736,96 поени пред денешното отворање на берзите во Соединетите Американски Држави, додека индексот S&P 500 порасна на 5.495,50 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 17.025,88 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 66.703 долари, а на нафтата од типот брент на 70.166 долари, пренесува Танјуг.
На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 35.310 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.525,16 долари за унца, а на пченицата на 5.6012 долари за бушел (бушел е еднаков на 27.216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,10425, што е за 0,20 отсто повисока отколку во вторникот.