Златната рипка се гушела, мажот ја спасил со пинцета (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Интернетот  е полн со неверојатни работи, а меѓу нив е и вирално видео од човек кој со обична пинцета успеал да спаси златна рипка Кларенс.

Loading...

Имено, на Јутјуб каналот на Лук Голдис се појави клип од насловот: „Кларенс се гушеше, но јас ја спасив“.

Прикажана е златна рипка која плива во аквариум. Потоа машки глас објаснува дека забележал дека нејзината уста се движи на чуден начин. Сфатил дека се гуши во едно од растенијата од аквариумот. Ја фатил и со пинцета извадил парче од растението и ја спасил и ја вратил во аквариумот.