Златната палата на Мугабе вредна 10 милиони долари (видео)

Сподели со своите пријатели

Сега веќе поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе поседува приватна палата со 25 спални соби во Хараре вредна 10 милиони долари.

Неговата палата, наречена „Синиот кров“ има две езера и се наоѓа на имот од 44 хектари, сокриена од јавноста и заштитена со безбедносен систем вреден повеќе милиони долари.

Објавената фотографија покажува екстравагантен имот на Мугабе, декориран со мермерни подови, скапи лустери и базен.

Според објавената публикација, зградата ја градела српска градежна фирма „Енергопроект“ по кинески архитектонски дизајн.

Очигледно е дека 93-годишниот владетел уживал во луксузот заедно со сопругата Грејс, далеку од болките и маките кои ги чувствувале останатите жители на Зимбабве.

Фотографиите се бојавени како доказ дека Мугабе и неговата сопруга трошеле милиони за себе и своите потреби.

Мугабе поднесе оставка пред непосредна непослушност на војската, но и членовите на неговата партија Зану ПФ, по што воените сили презедоа контрола над земјата.

Зану ПФ отфрли човек кој 37 години ја водеше земјата и го замени со поранешниот претседател Емерсон Мнангагва, кој се очекува денеска да положи свечена заклетва.

Loading...