Случаите со акутна неисхранетост во Зимбабве се зголемуваат, а податоците покажуваат дека секое трето дете во земјата страда од неисхранетост, јави Гардијан.
Loading...
Процентот на деца кои имаат минимално прифатлива исхрана неопходна за раст и развој се намали од 6,9 проценти во 2019 година на 2,1 процент годинава.
Регионот Матабелеланд, во југозападниот дел на земјата, има најголем број случаи на акутна неисхранетост кај деца, а ситуацијата дополнително ја влошува пандемијата на коронавирусот.
Јасмина Тасевска