Русија треба да го постави своето нуклеарно оружје во „пријателски земји“ во близина на САД како одговор на наводните планови на Вашингтон да го префрли своето тактичко оружје во Европа, предложи пратеникот Алексеј Журављов, откако „Телеграф“ во саботата објави дека САД сакаат да го распоредат своето нуклеарно оружје во Велика Британија за прв пат по 15 години, за да се спротивстави на наводно зголемената закана од Русија.
Журављов, кој е првиот заменик-претседател на руската парламентарна комисија за одбрана и лидер на партијата Родина, во објава на Телеграм, истакна дека Британија има свое нуклеарно оружје и дека САД веќе распоредиле дел од своето атомско оружје во неколку европски земји.
„Затоа, малку е веројатно дека дополнителното распоредување на нуклеарно оружје во Велика Британија ќе има влијание врз воено-политичкиот пејзаж“, претпоставува Журављов.
Сепак, политичарот сугерираше дека Москва треба да размисли за распоредување на сопственото нуклеарно оружје поблиску до САД и да го испрати во „пријателските земји како Куба, Венецуела и Никарагва“.
Журављов, сепак, вели дека системите за оружје направиле огромен скок во годините по Кубанската ракетна криза во 1962 година.
Тој исто така истакна дека Русија има стратешка авијација како и огромен арсенал на подморници стационирани на непознати локации низ светските океани, пренесува Раша тудеј.
„Имаме начини да одговориме на какви било напади на САД и НАТО“, рече Журављов.