Градот Охрид ќе биде домаќин на завршниот турнир на четирите најдобри екипи во женската кадетска лига. Истиот ќе биде одигран во недела (02.04.2017 година), на кој ќе настапуваат и кадетките на ЖРК Куманово, Вардар СЦЈС, Металург, како и домашниот тим на Лихнид 2012 се екипите кои ќе се борат за шампионскиот трофеј во оваа генерација за девојчиња родени “2000“ година и помали.
Во полуфиналето избраничките на Димитар Антевски за противник ќе го имаат тимот на Вардар СЦЈС, додека другата двојка ја сочинуваат Металург и Лихнид.
Распоред на натпревари (02.04.2017):
(Полуфинале, 11:00) Металург – Лихнид 2012
(Полуфинале, 12:45) Куманово – Вардар СЦЈС
(Натпревар за 3 место, 18:00)
(Финале, 19:45).
Екипата на ЖРК Куманово заврши како второпласирана во групата 1, со 21 освоен бод., исто колку што имаше и екипата на Вардар, меѓутоа благодарение на меѓусебниот дуел во кој што ЖРК Куманово излезе како победник. затоа и се најде во фајнл-форот.