Ракометарките на Куманово вечерва со почеток во 19:30 часот во Спортската сала Младост го играат натпреварот од 22. коло од женската ракометна лига против составот на ЖРК Пелистер.
Овој натпревар е клучен за оваа полусезона, одиме на победа и до остварување на целта, а тоа е пласман на второто место веднаш зад вицешампионот на Европа, ЖРК Вардар. Во нашиот табор владее оптимизам и се е подготвено за нова победа, изјави Филип Додевски, член на Управен одбор на ЖРК Куманово.
Кумановки моментално се наоѓаат на третата позиција во табелата со 13 победи, додека на втората се наоѓа Металург кој им бега само со еден бод разлика.