Ракометарките на Куманово вечерва на домашен терен го пречекуваат составот на ЖРК Металург Автокоманда во домашната женска Суперлига на Македонија.
Гостинскиот состав влегува како фаворит во мечот со оглед дека досега има значително подобар скор од домаќинот, но избраничките на тренерот Синиша Димитријевски знаат да направат изненадување.
По девет одиграни кола Металург има претрпено само еден пораз и е на високата втора позиција на табелата, додека Куманово има три победи и еден нерешен меч со што моментално е петтопласирана екипа.
Мечот започнува вечерва во 19:30 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“, а влезот е слободен.
Никола Ивановски

