Женскиот ракометен клуб Куманово вечерва со почеток од 19:00 часот на домашен терен во салата на ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ ја пречекува екипата на ЖРК Металург во рамките на домашната женска ракометна Супер лига.
Се очекува интересен борбен натпревар, Металург е моментално на прво место, нашиот тим на третото место што значи борба за доближување до второто место кое што сеуште ЖРК Куманово има теоретски шанси да го освои. – велат челниците на клубот
Во составот на тимот се враќа првиот голман Ивана Дичковиќ, а на овој натпревар како што најавуваат и самите ракометарки мотивацијата и борбеноста ќе е на високо ниво.
Досега ЖРК Куманово има одиграно шеснаесет натпревари, единаесет победи и пет порази.