ЖРК Куманово утре против ЖРК Чаир

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово утре на гостински терен ќе ги одмерат силите против составот на Чаир во рамки на 6. коло од домашниот женски шампионат.

Натпреварот се игра во спортската сала „7ми Март“ во Скопје со почеток од 20 часот.

Избраничките на тренерот Славиша Димитријевски од досега одиграните пет натпревари, бележат една победа, еден нерешен натпревар и три порази.

Од друга страна Чаир досега има беспрекорен скор со „пет од пет“.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Денеска над 20 степени, па ќе имаме дожд