Ракометарките на Куманово утре го пречекуваат составот на Стружанка во рамките на стартот од пролетниот дел од домашниот женски шампионат.
Loading...
Кумановки и во овој дел ќе се обидат да ја бркаат првата позиција во табелата на која моментално се наоѓа Металург со два бода пред ЖРК Куманово. Стружанка пак, се наоѓа на 4. позиција од табелата, со квалитетен состав кој не треба да се потценува.
Утрешниот натпревар ќе се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 13 часот.