Утре стартува новата сезона во македноскиот ракомет, а првите натпревари ќе ги имаат и женскиот и машкиот тим на Куманово.
На домашен терен тимот на МРК Куманово ќе го пречека РК Радовиш во рамки на првото коло од Супер лигата. Натпреварот ќе се игра од 19:00 часот во Спортската сала Куманово.
Дамите од ЖРК Куманово, за прв противник сезонава ќе го имаат тимот на ЖРК Ѓорче Петров. Натпреварот стартува исто така од 19 часот во Спортската сала „Христо Батанџиев“ во Скопје.
Loading...
Никола Ивановски