Куманово и Пелистер се двете женски ракометни екипи кои се дел од трисетте во Европа кои ќе се натпреваруваат во првата рунда од Челинџ Купот. Ждребката за противниците ќе се одржи утре со почеток во 11 часот.
ЖРК Куманово е во вториот дел од листата, па противникот ќе го добие од првите 17 екипи на листата, меѓу кои и Пелистер, со што е можно и вистинско македонско дерби на европската сцена.
И двата тима имаат борбен дух, добро се екипираат за претстојните натпреварувања, па се очекува да го поминат првиот филтер од натпреварувањата и да се пласираат во втората рунда каде директно пласирана е екипата на Рокаса од Шпанија.
Куманово се засили и со Диана Димова, а ги обнови и договорите со дел од претходниот состав, кои и покрај понуди од други клубови му останаа верни на својот матичен тим.