Ракометарките на Куманово по поразите во ЕХФ Челинџ Купот од страна на холандскиот Геониус Гален, утре им се враќаат на натпреварите во домашната лига. Во 19:30 часот на гостински терен го играат натпреварот од 11 коло против составот на ЖРК Гевгелија.
Кумановки влегуваат како фаворити во мечот, а треба да надополнат две кола кои поради натпреварите на европската ракометна сцена заостанаа зад остантите екипи.