Ракометарките на Куманово утре го играат првиот меч на домашен терен од новата сезона, а за противник го имаат составот на ЖРК Астибо од Штип.
Кумановки ќе се обидат да ја впишат првата победа сезонава, откако во деби натпреварот во Скопје минатиот викенд загубија од составот на ЖРК Ѓорче Петров со резултат 31:21.
Натпреварот се игра утре со почеток во 18:00 часот во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“, а влезот за сите кои ќе сакат да го проследат натпреварот ќе биде слободен.
Никола Ивановски