Ракометарките на Куманово утре со почеток од 19 часот го пречекуваат составот на Каскада Гарлиава од Литванија во реванш натпревар од Европскиот ЕХФ Куп.
Кумановки се надеваат дека со помош на домашната публика успешно ќе го совладаат тимот од Литванија, откако на гостински терен минатата недела загубија со резултат 32:25.
Мечот утре се игра во Спортската сала Куманово, влезот е слободен, а од управата на клубот ги повикуваат сите љубители на спортот да им ја пружат поддршката од трибините.
Никола Ивановски