Ракометарките на Куманово остварија убедлива победа во рамките на третото коло од плеј-оф завршницата во Женската лига, откако на домашен терен го надиграа Пелистер со резутат 33:27.
Цврстата одбрана на кумановки им донесе голема предност уште на самиот старт, па по негативата од 5:2, битолчанки сепак направија изедначен резултат. Неколкуте грешки кои следуваа го доведоа Куманово до големо водство со 13:9, за да на полувреме се замине со четири поени предност за домашниот состав со резултатот 17:13.
Предноста на кумановки продолжи да се зголемува и во вториот дел од средбата, кога веќе во 40та минута имаа резултат 24:16 за да без проблеми на крај триумфираат во натпреварот.
Со 7 погодоци најефикасна беше Сања Дабевска, а со еден гол помалку мечот го заврши Ана Шарановиќ, додека шест извонредни одбрани запиша голманката Ивана Наумовска.
Кај гостинскиот состав со по 9 поени најефикасни беа Груевска и Јанкуловска.