ЖРК Куманово убедливо против Кузман Вардар Илинден

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово остварија убедлива победа во рамките на 3то коло од домашната лига, откако на гостински терен вчера славеа против ЖРК Кузман Вардар Илинден со резултат 40:15.

Loading...

Кумановки ја оправдаа фаворитската улога на мечот кога уште во првиот дел од средбата влегоа фуриозно и направија големо водство, кое на полувреме изнесуваше 7:23.

Избраничките на тренерот Симе Симевски не се штедеа ниту во второто полувреме, па лесно го добија противникот со финалните 40:15.

Скоро сите ракометарки на Куманово добија шанса на паркетот, а меѓу нив најефикасна со девет гола беше Мила Трајковиќ, со шест на листата стрелци се запиша Васка Глигоријадис, а со поен помалку и Александра Боризовска.

Кај домашниот состав со по пет погодоци носители на играта беа Ивана Блажевска и Ивона Русевска.

Ова е трета победа за составот на ЖРК Куманово и засега тоа ги сместува на втората позиција, зад екипата на Металург, со која делат ист број бодови.

Следниот меч Куманово го игра на домашен терен против составот на битолски Пелистер.

Leave a Reply