Ракометарките на Куманово вчера во пријателски натпревар, одигран на домашен терен, го совладаа составот на ЖРК Чаир со резултат 36:26.
Loading...
Убедливи кумановки беа и во првиот дел од средбата која заврши со резултат 19:8.
Ова е уште еден во низата пријателски натрепвари со кои ЖРК Куманово се подготвува за претстојната ракометна сезона која се очекува да започне во втората половина на септември.
Претходно кумановки играа и против репрезентацијата на Чиле која ја совладаа убедливо.
Формирањето на екипата за претстојната сезона е при крај, велат од клубот за Кумановски Муабети, од каде додаваат дека се очекуваат одредени нови засилувања за кои преговорите се во тек.
Никола Ивановски