Женскиот ракометен тим од Куманово на гостински терен ја оствари тринаесетата победа во рамките на вториот дел од новата сезона од женската Супер лига.
На дербито кумановки беа фаворити, а разликата во квалитетот беше демонстрирана уште во првото полувреме. Мрежата на ЖРК Прилеп се торпедираше од сите можни позиции. Единствено што успеа домаќинот во првото полувреме да израмни на 1:1 а потоа се покажа и разликата во квалитетот. На полувреме се замина со резултат 8:15.
Второто полувреме гостинскиот тим го изигра рутинирано и ја одржуваше предноста. Прилепчанки само на почетокот на второто полувреме успеа да намали на 4 разлика меѓутоа мотивираноста и тимскиот дух беше на одлично ниво а тоа се покажа и како клучен фактор за убедливата победа на ЖРК Куманово. Натпреварот заврши со резултат 22:30. Во автобусот на враќање од натпреварот се славеше победата и владееше одлична атмосфера.
Радува фактот што кај ЖРК Куманово на листата на стрелци се запишаа дури десет ракометарки. Најефикасни беа Викторија, Бранкица , Мила и Бојана со 5 постигнати гола, а свој придонес даде и Александра Боризовска со 4 постигнати гола.
Следниот натпревар Женскиот ракометен тим од Куманово го игра со ЖРК Пелистер од Битола.