ЖРК Куманово со уште едно засилување и нова победа во лигата

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово убедливо го совладаа и составот на Деспина во рамките на 9. коло од женската ракометна лига, а свое деби имаа и новите засилувања Црногорката Ана Шарановиќ и Васка Глигоријадис која од Пелистер се пресели во Куманово.

Во првиот дел од средбата двата тима имаа избалансирана игра и резултатски беа близу. Иако кумановки прикажаа подобра игра сепак на полувреме се замина со резултат 10:10.

Вториот дел од средбата машинеријата на тренерот Зоран Јосимовски ги покажа забите. Ракометарките на Куманово убедливо издоминираа во овој дел од средбата и го добија составот на Деспина со 29:16.

Со седум погодоци најефикасна во составот на Куманово беше новата ракометарка Глигоријадис, со шест голови мечот го заврши Александра Боризовска, а поен помалку има Сања Дабевска.

Кај гостинскиот состав најмногу поени реализираше Мери Конеска.

Со оваа победа кумановки се наоѓаат на првата позиција во табелата, но доколку Металург го добие мечот од 9. коло тогаш кумановки остануваат на втората позиција со ист број бодови како и Вардар, против кој го играат и следниот меч.

Фото: ilinden-skopje.mk

Loading...

Leave a Reply