Ракометарките на Куманвоо викендов го одиграа првиот натпревар од оваа сезона и извојуваа убедлива победа.
На гостински терен го совладаа составот на ЖРК Гевгелија со резултат 15:43 и ги впишаа првите бодови во табелата.
Избраничките на тренерот Славиша Димитријевски имаа убедлив старт и направија огромна предност уште во првото полувреме кога семафорот покажуваше високи 5:26 за кумановки.
Второто полувреме беше рутински тренинг за некогашниот двоен шампион кој со иста желба влегува и во оваа сезона натпреварувања.
Со 10 погодоци на натпреварот брилираше Сара Цветановска, осум голови имаше Сара Богојеска, а еден помалку постигна Јана Ѓошевска. Двете голманки Марија Јовановска и Симона Грујовска забележаа по пет одбрани.
Никола Ивановски