ЖРК Куманово со убедлива победа го стартуваше вториот дел од сезоната

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово бележат убедлива победа на првиот натпревар од вториот дел од сезоната, кога на домашен терен рутински и без никаква мака го совладаа составот на Деспина со 42:14.

Loading...

Избраничките на тренерот Краљевски, доминантно го започнаа мечот, па веќе на полувреме имаа значително водство со 17:6.

Вториот дел од средбата го одиграа рутински и впишаа 13та победа по ред, по исто толку одиграни натпревари од почетокот на сезоната.

Со седум реализирани погодоци најефикасна кај ЖРК Куманово беше Мила Трајковиќ, со еден гол помалку на листата стрелци се наоѓа репрезентативката Александра Боризовска.

Кај ЖРК Деспина со по 3 погодоци најефикасни се Елена Гулеска и Сашка Филипоска.

Куманово и натаму останува на врвот во табелата, а за следен противник на гостински терен ќе го има составот на Стружанка.

Никола Ивановски

Leave a Reply