Ракометарките на Куманово ја освоија титулата во младинска конкуренција во домашниот шампионат, откако го совлада составот на Металург со резултат 24:23.
Во финалето кое вчера се играше во кумановската сала „Перо Наков“ кумановки стигнаа до победата откако на полувреме губеа со еден поен разлика, односно резултат 10:11.
Желбата за победа на кумановки беше огромна, а тоа го покажаа и во вториот дел од играта кога најдоа сили да се изборат за титулата.
Сара Цветановска со осум погодоци беше најефикасна ракометарка на Куманово, како и прв стрелец на турнирот, додека со четири гола зад неа е Ангела Јанкуловска.
Куманово ја има и најдобрата голманка на целиот младински турнир, а тоа е Марија Јовановска.
Ова е трет пехар за Женскиот ракометен клуб Куманово, откако сениорскиот состав освои двоја круна, со победа во првенството и купот минатиот месец.
Со тоа кумановки ставаат крај на ова натпреварувачка сезона и покажаа целосна доминација во женскиот ракомет во државата.
Никола Ивановски